Инструкции за сметка на продавач

Откако ќе аплицирате за сметка на продавач, ќе треба (доколку претходно не сте го направиле тоа) да го изберете вашиот соодветен платежен план, во зависност од вашиот избор на статус на продавач.

Откако ќе направите резервација и плаќање на вашиот платежен план, и откако ние добиеме потврда за вашето извршено плаќање, од страна на наше стручно лице ќе ви биде закажан online состанок, каде што детално ќе бидете запознати и обучени како да ги користите нашите услуги што се однесува на вашата сметка на продавач, а тоа опфаќа: (i) поставување на производи со име, краток и долг опис, слики, цени, и податоци за вас и вашата компанија, (ii) користење на комерцијалните алатки како попусти, поени за лојалност, кешбек и т.н., (iii) начин на комуникација со вашите потенцијални купувачи и клиенти, (iv) следење на известувањата на вашиот контролен панел и т.н.


Откако ќе ви биде извршена обука, самостојно пристапувате кон градење и организација на вашите понуди на производи и услуги. Треба да имате на ум дека можете да правите понуди исклучиво на производи и услуги кои се во согласност со политиката на нашата платформа, и доколку нашиот тим увиди и одлучи дека некои од вашите понуди ја прекршуваат таа политика, Green Balkan Express го задржува правото да ги отстрани без обврска да ве извести на било кој начин.


Откако ќе ја направите уплатата за вашата сметка на продавач, во случај на незадоволство од нашите услуги, имате право да барате враќање на вашите средства во рок од 10 денови, официјално на support@greenbalkanexpress.com, откако во вашиот email ќе го образложите вашето незадоволство и вашата одлука да барате враќање на средствата и поништување на вашата сметка на Продавач и бришење на Понудите на вашите производи и/или сервиси. Ви благодариме.

Билтен

Никогаш не пропуштајте ажурирање
back to top